Ќе се дебатира како се распределуваат парите од игри на среќа за граѓанскиот сектор

74

Дебата на тема „Игра на среќа врз несреќните – јаболко на раздорот” ќе се одржи денеска во Скопје. Дебатата е со цел да се отвори прашањето за распределбата и целисходноста на распределбата на средствата од игрите на среќа и забавни игри.

– Лотариите станаа популарен извор за поддршка на граѓанските организации или за добри каузи. Сепак, карактеристиките на добрите модели или механизми за одредена земја зависат од многу варијабли, вклучувајќи ги и целта на лотаријата и општествениот контекст. Постоечката политика од страна државата да 60 милиони денари секоја година ги распределува само на седумте инвалидски организации доведува до „Divede at Imepra” односно до раздор во самото движење на лицата со хендикеп и неможност да се создаде единствен глас на организациите на лица со хендикеп – велат од Полио Плус, организатор на конференцијата.

Со ова, посочуваат оттаму, се спречува можноста да се создаде клима за ефикасна и ефективна застапеност на организациите на лица со хендикеп во креирањето на политиките и спроведувањето на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

– Имајќи во предвид и последните согледувања од државниот ревизор за незаконското трошење на овие средства, сепак државата одлучи и оваа година 60 милиони денари да им даде на истите организации. Во таа насока на оваа дебата се очекува да организациите на лица со хендикеп треба да донесат заклучоци за можните решенија за надминување на проблемите околу распределбата на средствата од приходите на игра на среќа и забавни игри – истакнуваат од Полио Плус.

Конференцијата ја организира Полио Плус како дел од проектот „Margina Obscura“, кој е поддржан од страна на Европската Унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...