Ќе се градат системите за наводнување Чаушица, Славишко Поле и Колибари, објавен е тендер

Овие системи се дел од проектот финансиран од Европската унија за изградба на мали нискотрошковни еколошки прифатливи системи за наводнување.

279

Европската комисија објави тендер за избор на фирма која ќе ги гради трите системи за наводнување Чаушица, Славишко Поле и Колибари.

Овие системи се дел од проектот финансиран од Европската унија за изградба на мали нискотрошковни еколошки прифатливи системи за наводнување.

Од Министерството за земјоделство соопштија дека системот Чаушица кој се наоѓа во Југоисточниот регион ќе опфати наводнување на околу 85 хектари земјоделско земјиште над главниот канал Турија. Со системот Славишко Поле ќе се овозможи наводнување на 200 хектари земјоделска површина, додека преку системот Колибари кој е југозападниот плански регион и ќе се наводнуваат 162 хектари обработливо земјоделско земјиште.

Со проектот на ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е предвидена изработка на проектна документација за изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...