Ќе се враќаат парите за камати на кредитите за инвестиции финансирани од ИПАРД

Барањата кои ги исполниле условите за користење на пари за мерката 2 ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

229

Финансиска помош во висина од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години ќе добијат фирми и земјоделци кои подигнале кредит за инвестиции финансирани од инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија (ИПАРД) по 25-ти декември 2016 година.

Краен рок за аплицирање е до 18.01.2019 година.

Помошта, како што соопштуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка до 8 отсто пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка за период до 10 години.

-Услов е и кредитот да не е повисок од 500.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка утврден на денот на склучувањето на договорот за кредит. Право на користење на финансиски помош ќе имаат корисници на финансиски средства од (ИПАРД), кои потпишале договор по завршување на последниот јавен повик за субвенционирање на каматна стапка, односно по 25.12.2016 година – појасни директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Сите кои ги исполнуваат условите потребно е да поднесат електронско барање по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk, за финансиска поддршка со соодветни податоци и да прикачат задолжителни електронски документи: договор за склучен кредит со банка или штедилница за инвестицијата финансирана од Инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија и детален амортизационен план кој е прилог на договорот за кредит

Барањата кои ги исполниле условите за користење на пари за мерката 2 ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Барањата кои не се поднесени електронски нема да се разгледуваат.

Еден барател, може да поднесе само едно барање за една мерка, или најмногу 2 поединечни барања по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...