Ќе се вработат тројца во протоколот на премиерот

Ќе се вработува самостоен референт за протокол при одржување на протоколарни средби за плата од 15.663 денари, помлад соработник за организација на активности помеѓу домашни компании и институции за плата од 20.961 денари и советник за нормативно правни работи за плата од 24.997 денари.

935

Kанцеларијата на премиерот вработува тројца државни службеници во службата за протокол.

Според огласот на Агенцијата за администрација, се бараат кандидати за работните места: самостоен референт за протокол при одржување на протоколарни средби за плата од 15.663 денари, помлад соработник за организација на активности помеѓу домашни компании и институции за плата од 20.961 денари и советник за нормативно правни работи за плата од 24.997 денари.

Референтот за протокол треба да има активно познавање на македонскиот јазик со најмалку средно или вишо образование, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и најмалку три години искуство во работата.

Помладиот соработник за организација на активности помеѓу домашни компании и институции треба да има завршено Економски науки, Туризам и угостителство, Организациони науки и управување (менаџмент), може да има или не работно искуство во струката. И овој кандидат треба да има активно познавање на македонскиот јазик, познавање од компјутери и да знае еден од трите јазици кои се говорат во ЕУ.

Советникот за нормативно правни работи треба да има завршено Правни науки и најмалку три години работно искуство во струката, да има познавање од компјутери и да познава еден од трите јазици кои се говорат во ЕУ.

Административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Испитот за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Проверката на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на втората фаза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...