Ќе се воспоставува ефикасен систем за борбата против фалсификување пари

Проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на еврото“ ќе трае осум месеци, а негови крајни корисници се Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР и Народната банка на Република Македонија.

73

Воспоставувањето цврст и ефикасен систем за заштита на националните финансиски интереси и на финансиските интереси на ЕУ, преку ефикасно следење на фалсификувањето евра е целта на твининг лајт проект, кој се спроведува од 1 ноември минатата година со парични средства од Европската унија, во износ од 250 илјади евра.

Проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на еврото“ ќе трае осум месеци, а негови крајни корисници се Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР и Народната банка на Република Македонија.

Вицегувернерка на НБРМ, Емилија Нацевска на денешната конференција нагласи дека крајна цел на проектот е воспоставување систем за борба против фалсификувањето, кој од сите аспекти ќе биде на ниво на систем на земја-членка на ЕУ.

– Определбата на НБРМ е сигурно да чекори по патот на системот на европските централни банки, следејќи ги европските стандарди и практики, тоа е една од главните стратегиски цели на нашата институција. Се надеваме дека брзо по влезот на земјата во ЕУ интегритетот на еврото ќе го штитиме и како домашна валута – посочи таа.

Според неа Законот за Народната банка веќе содржи одредби, кои се регулираат задачите на НБРМ од денот на пристапување во ЕУ.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар напомена дека овој настан се случува само неколку дена откако македонското Собрание ги усвои уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

-Со оваа одлука државата покажа дека останува посветена на европската интеграција, а таа е и доказ за храброста на Владата, Собранието, граѓаните да го променат негативниот курс, кој беше воден во минатото и сега поранешните непријатели да се претворат во партнери, да се решат проблемите, кои изгледаа нерешливи толку време и решително да се турне земјата кон витинската патека во ЕУ – рече Жбогар.

Тој нагласи дека сега фокусот е на реформите, а борбата против фалсификувањето на еврото е дел од напорите во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

-Тоа е задача, која треба да ја спроведуваат сите сегашни и идни членки на ЕУ и оние на еврозоната, но тоа не е важно само за нив. И покрај 360 милиони Европејци и 19 држави-членки на еврозоната и 60 други земји во светот своите валути ги поврзуваат со еврото. Тоа е една од најважните меѓународни валути, која се користи и во поширокиот регион на Западен Балкан како резервна валута -рече Жбогар.

И германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих потенцира дека денешниот настан се случува во мошне важен момент за Македонија.

– Владата сега треба да се концентрира на процесот со кој ќе може да се овозможи создавање на вистинско европско општество, во кое ќе преовладува сигурноста. Клучен приоритет во овој реформски процес е реформата на системот на владеење на правото, а дел од него е и темата на овој твининг проект -рече тој.

Во рамки на проектот предвидена е и поддршка од експерти од хрватската, австриската и од Европската централна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...