Ќе се бришат долговите кон јавните претпријатија направени до крајот на 2017

920
Со 65 гласа „за“ и еден „воздржан“ попладнево во Парламентот беше изгласан и Законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на граѓаните кон jавните претпријатија заклучно со декември 2017 година, како и Законот за субвенциониран студенски оброк.
Беше донесен Законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, по скратена постапка.

Претходно,  пратениците ги усвоија и предлог-заклучоците за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Северна Македонија и го изгласаа Законот за енергетска ефикасност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...