Дигиталната трансформација на институците, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски од Охрид каде што се одржува годишната Меѓународна конференција на Агенциите за електронски комуникации.
– Дигиталната револуција целосно го менува нашиот живот, таа влијае на врз начинот на кој се одвива бизнисот. Институциите мора да ги следат тие текови. Она што следува е дигиталната трансформација токму на институците, што е најсложената задача, но од мигот кога тоа ќе се прифатат новите околности ќе биде мошне полесно, во крајна линија тоа ќе значи поефикасни, побрзи и поевтини услуги за граѓаните – рече Манчевски.
За целосна дигитализација на Македонија, рече Манчевски, потребно е вклучување на сите засегнати страни во државата но и тесна соработка со земјите од регионот.
Според него, од особена важност е што и регулаторните агенции се свесни дека сега е вистинското време за рагионална соработка и координирана акција за дигитализација.
-Целта е да им обезбедиме на граѓаните ефикасни, брзи и ефтини услуги. Денес, полесно е да ги донесеме услугите до граѓаните, а не граѓаните до услугите. Тоа можеме да го направиме со помош на технологијата. Ова е многу важно за нас, особено затоа што оваа година ќе го ставиме во функција Националниот портал за е-услуги, порталот за отоврени податоци, а ќе го претставиме и проектот за електронски идентитет на граѓаните – рече министерот.
Во рамки на Конференцијата ќе се разговара за новите технологии во областа на телекомуникациите, актуелни теми како сајбер-безбедноста, ќе се разменат идеи и добри практики, но можеби најважно присуството на сите чинители од областа да биде искористено за реализација на новите иницијативи за намалување на цените на роаминг-услугите на регионално ниво.
Директорот на АЕК Сашо Димитријоски во изјава за МИА истакна дека позитивниот пример од договорот меѓу Македонија, Црна Гора, БиХ и Србија кој резултираше со пониски цени на роаминг-услугите, треба да биде продолжен и проширен со останатите држави од регионот.
– И во отсуство на политичка волја ние како регулаторни тела од четирите држави успеавме да се договориме и да ги сведеме на минимум цените на услугите. Некако политиката како да ги презема тие активности, се излегува со популистички идеи, но сметам дека конкретни мерки нема, рече тој.
На престојниот Самит на ЕУ во Софија треба да биде објавена и новата дигитална агенда на ЕК за земјите од Западен Балкан.