Ќе ги усогласуваме листите на штетни организми со Албанија

Двајцата министри се договорија да се интензивира соработката на формираната работна група од двете министерства и заеднички да се работи на системска контрола од двете држави во самото менаџирање со рибниот фонд во Охридското и Преспанското езеро.

140

Размената на националните прописи и усогласување на листи на штетни организми, растенија, растителни производи, заемно признавање лабораториските анализи од акредитирани/овластени фитосанитарни лаборатории, усогласување на фитоконтролите на готови производи и поголема флексибилност во делот на извоз и увоз на добиток.

Тоа се идните области на соработка со Албанија за кои разговараа денеска во Тирана министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и неговиот албански колега Блери Чучи.

На состанокот е заклучено дека нема проблеми во протокот на растителни пратки на граничните премини помеѓу земјава и Албанија, што се одвива според утврдената постапка согласно со националните прописи на двете земји.

Потребна е, како што заклучиле, и изработка на планови за итни мерки во случаи на откривање на карантински штетни организми и размена на искуства, информации и знаења помеѓу надлежните органи од фитосанитарната област на двете страни.

Димковски посочи дека доколку е согласна албанската страна, може да се иницира подготовка на Спогодба помеѓу надлежните служби од двете земји за фитосанитарна соработка како и подготовка за отворање на Оne stop shop терминал на граничниот премин Ќафасан.

Двајцата министри се договорија да се интензивира соработката на формираната работна група од двете министерства и заеднички да се работи на системска контрола од двете држави во самото менаџирање со рибниот фонд во Охридското и Преспанското езеро.

На почетокот на март годинава беше инициран пилот проект во рамките на ЦЕФТА, чијашто цел беше следење на инспекциските процедури на граничните премини помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија при што беа избрани пет видови земјоделски производи кои најчесто се предмет на трговија помеѓу двете држави. Проектот е проширен и за другите земји членки на ЦЕФТА и документот е во финална фаза. По неговото усогласување, ќе биде одобрено од страна на сите земји членки на ЦЕФТА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...