Не е тајна дека индустријата за убавина го сака кокосовото масло. Тоа е многу популарна состојба речиси веќе цела деценија и шансите се рамни на нуло дека наскоро ќе биде заменето.
Тоа е затоа што кокосовото масло има неверојатни придобивки за кожата и убавината. Се користи наместо хидратантни кремови, одлично ја чисти кожата, а и многу е евтино.
Еве какви сè примени има кокосовото масло. Сигурни сме дека наредниот пат кога ќе одите во продавница ќе го побарате токму ова мало течно чудо.
1. Го хидрира лицето
Сепак, кокосовото масло не им се препорачува на сите, бидејќи може да ги затне порите, но ако вашата кожа толерира тешки масла и кремови, тогаш е одличен начин за да ја хидрирате кожата.
Кокосовото масло го зголемува нивото на влага и ѝ помага на кожата да се врати во живот по исушувањето од сонцето. Најдобро време за нанесување е пред спиење, бидејќи така долго ќе остане на кожата па таа ќе го искористи на најдобриот можен начин.
Освен тоа, можете да го додадете во течната пудра за дневна хидратација.
2. Масло за масажа
Одлично е за масажи. Можете да го користите посебно или да го помешате со неколку капки од омиленото етерично масло.
3. Лосион за тело
Се препорачува да го нанесете по капење, а особено по бричење, бидејќи ќе ја смири кожата.
4. Вадење шминка
Ако не ви се допаѓа идејата да го оставите кокосовото масло цела вечер на лицето, обидете се да го користите како средство за отстранување шминка. Кокосовото масло ја отстранува шминката и нечистотијата од кожата. Користете го како и секој друг отстранувач на шминка. Потопете вата во маслото и поминете по лицето.
5. Пилинг
Измешајте кокосово масло со кафе, крупен шеќер или морска сол и ќе го добиете најдобриот пилинг за тело. Овој третман изведувајте го исклучиво на телото, бидејќи ќе биде премногу агресивен за лицето.
6. Спас за испуканите пети
Испуканите пети знаат да бидат вистински кошмар и понекогаш е тешко да се ослободите овој проблем. Кокосовото масло е одлично за оваа намена. Намачкајте голема количина кокосово масло на стапалата, обвиткајте ги во ќесе и потоа облечете чорапи. Преспијте така и изутрината ќе имате меки и нежни стапала.
7. Масло за испукана коса
Ако се борите со оштетена и сува коса, втријте кокосово масло во косата и нејзините врвови. Оставете го така неколку часа, а потоа измијте го со шампон. Кокосовото масло ќе ѝ ги врати влажноста и сјајот на косата.
8. Заноктици
На истиот начин на кој кокосовото масло ги храни лицето, телото, стапалата и косата, така е делотворен и кај негата на заноктиците. Измасирајте со кокосово масло околу нокотот, оставете го да отстои околу 10-15 минути, а потоа измијте го со сапун и вода.