Ќерката на познатиот актер Џеки Чен, 19-годишната Ета Нг, потврдила дека се венчала за својата 31-годишна девојка од Канада.
Ета и Анди Аутман заедно се од 2017 година, а среќната вест за бракот ја споделија на социјалните мрежи.
Венчавката била во Канада, а тие двете животот го продолжиле во Хонг Конг.
– Сите некогаш сме биле повредени, но доколку можете да сонувате за љубовта, тогаш може и да ја најдете. Љубовта е љубезна, не осудува, љубовта е сила и слабост. Љубовта прави промени. Љубовта победува – напишала Ета на Инстаграм.
Ета е единица на познатиот актер со актерката и поранешната азиска мисица Елајн Нг Ји, со која имал кратка афера.
Меѓутоа Ета пораснала само со мајка си. Џеки во една прилика изјавил дека никогаш немал никакава врска со неа.