Ќерката на Стив Џобс го шокираше светот: Татко ми ми рече дека смрдам на тоалетна шолја

1181

Oд смртта на Стив Џобс поминаа шест години, а неговата ќерка Лиса Бренан Џобс во мемоарите кои ќе излезат на 4 септември, изнесува шокантни детали за таткото и за нивниот однос и го открива засега непознатото лице на генијалниот иноватор.
Деловите од мемоарите ги донесува „Венити фер“ под симболичниот наслов „Имам тајна: јас сум ќерка на Стив Џобс“, како и „Дејли мејл“.

Во книгата ќерката на основачот на „Епл“ и милијардер открива дека во текот на последната посета, додека се борел со ракот, и рекол дека смрди на тоалетна шолја. Во тој момент имала на себе парфем со мирис на роза кој го пронашла во тоалетот на болницата.

– Лиса – ја повикал, а потоа и ги упатил понижувачките зборови.

Лиса (41) напишала и дека татко и секогаш бил многу непријатен кон неа. Тој го менувал своето „порше“ секој пат кога ќе видел гребнатинка, а таа го прашувала дали може да го задржи моделот кој повеќе не му е потребен. На тоа добила одговор: „Ништо нема да добиеш, разбираш. Апсолутно ништо“. Гласот му бил толку остар што ја заболело во градите. Не знаела дали тоа „ништо“ се однесувало само на автомобилот или на нешто повеќе, односно на „се“. Во една прилика и порачал: „Јас сум една од најважните личности која некогаш ќе запознаеш“. Лиса истакнала дека татко и Стив едноставно се срамел од неа.

Со години не ја признавал
Џобс ја добил Лиса во 1978 година во петгодишната врска со Крисан Бренан, со која раскинал во 1977 година откако останала бремена (се запознале додека оделе во исто средно училиште во Калифорнија). Одбивал да го признае татковството дури и откако во 1980 година тоа било потврдено на судот. А, само четири дена по судската пресуда вредноста на неговата компанија скокнала на 200 милиони долари. Таа открила и дека неговите адвокати инсистирале на тоа алиментацијата да се одреди на 8 декември 1980 година, бидејќи само четири ден подоцна Џобс станал неверојатно богат.
Се бранел со зборовите дека е стерилен, а потоа со сопругата Лиса Пауел добил три деца.

Џобс ја признал Лиса за свое дете кога имала девет години, а нивниот однос никогаш не станал однос татко и ќерка. Лиса во книгата објаснила таа била дамка на неговиот спектакуларен подем, бидејќи таа и нејзината мајка не се вклопувале во приказната за „големиот Џобс“. Напоменала дека нејзиното постоење го нарушило неговото совршенство, а дека за неа било спротивното – „колку што бев поблиску до него, помалку се срамев“.

Се гордеела со него
Лиса растела знаејќи дека нејзиниот татко е голем. Се фалела во друштвото дека по нејзиното раѓање изумил компјутер и го нарекол по неа „Епл Лиса“. Извесно време се залажувала дека таа и татко и ќе бидат како останатите родители и деца.
Кога го прашувала дали тој компјутер го добил името по неа, Стив Џобс умеел да и каже дека компјутерот не го нарекол по неа: „Не, извини, малечка“. Но, кога во текот на еден ручек, истото го прашал Боно Вокс, фронтменот на бендот „Ју Ту“, признал дека, сепак, тоа го направил: „Да!“. Лиса тогаш рекла: „То благодарам, ова е првпат тоа да го каже“.

Алиментација од 385 долари!
Лиса открила и детали кои покажале дека Стив, сепак, имал колку-толку нежна страна кон неа. Чудна, но сепак, таа постоела. Излегувала на површина кога го фаќала како гледа во неа додека мисли дека таа не го гледа. Кога ќе видел дека го гледа, го свртувал погледот. Тој самиот ја зголемил алиментацијата од 385 на 500 долари!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...