Ќерката на Раул Кастро бара да се легализираат истополови бракови на Куба

Се очекува новиот кубански претседател Мигел Диас-Канел, кој го наследи Раул Кастро минатиот месец, да ја поддржи.

139

Мариела Кастро, кубанска пратеничка и ќерка на лидерот на Комунистичката партија и  поранешен претседател Раул Кастро, соопшти дека ќе инсистира истополовите бракови да бидат вклучени во процесот на уставни реформи, кој би требало да започне во јули.

Се очекува реформата  да покрие голем број промени, осовременувајќи го Кубанскиот устав од 1976 година, создаден за планска економија од советски стил. Комунистичката влада полека ги воведува пазарните реформи и се обидува да поттикне позначајна интеракција со светската економија.

Хомосексуалноста беше подложена на гонења во годините по револуцијата од 1959 година, предводена од семејството Кастро, но Куба ја прекина оваа политика и забрани дискриминација на работното место.

Мариела Кастро стана познат поборник за хомосексуалните права.

Таа вчера изјави дека ќе настојува со новиот устав и закони да се дозволат хомосексуалните бракови.

Се очекува новиот кубански претседател Мигел Диас-Канел, кој го наследи Раул Кастро минатиот месец, да ја поддржи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...