Ќерката на Путин се разведе од “најмладиот руски милијардер”

1802

Само неколку дена по потврдата за разводот од човекот кој го нарекуваат “најмладиот руски милијардер”, ќерката на рускиот претседател Владимир Путин, Екатерина Тихонова, гостуваше на една телевизија.

Руските медимуи пренесоа дека се разведува од тајкунот Кирил Шамалов (36). Во меѓувреме се појавија и гласините дека тој повторно се оженил со поранешната љубов Жана Волкова.

Шамалов е еден од тајкуните кои добија санкции од Западот. Тој одбива да го коментира својот приватен живот.

Катерина Тихонова, “рокенрол акробатска ѕвезда”, како што често ја нарекуваат, ретко се појавува во јавноста и дава интервјуа.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...