Ќерката на Назербаев избрана за претседател на казахстанскиот Сенат

322

Сенатот во Казахстан ја избра ќерката на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев за свој претседател, со што таа се наметнува како потенцијален кандидат за претседател на изборите што ќе се одржат во април следната година.

Државната новинска агенција информира дека сенаторите ја избрале Дарига Назербаева за нивни претседател, само еден ден откако нејзиниот татко, Нурсултан Назарбаев по 30 години на власт најави дека се повлекува од функцијата шеф на државата.

Поранешниот претседател на Сенатот  Касим-Јомарт Токаев утрово положи свечена заклетва како претседател на Казахстан до следните избори.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...