Ќерката на Мајкл Џексон објави фотографија и го крена Твитер

1375

Парис Џексон, ќерката на музичарот Мајкл Џексон, објави на Твитер обработена фотографија на која стои како дваесетгодишна девојка меѓу нејзиниот татко и мајка и, Деби Рои.

Иако фотографијата изгледа како портрет на среќно семејство, оваа сцена е невозможна бидејќи славниот музичар почина кога Парис уште беше дете, а со нејзината мајка водеше битка за старателство.

Фотографијата наиде на многу негативни коментари, а некои ја нарекоа дури и морбидна.

Но, ќерката на покојниот музичар бргу одговори на коментарите.

– Мислам дека е во ред да се мечтае за тоа колку е убаво да имате родители, па дури и тоа ако е на обработена фотографија на која можеме да ги гледаме, наведе Парис.

По оваа објава многумина застанаа на нејзина страна, коментирајќи дека го разбираат она низ кое таа поминува. Некои отидоа и чекор понапред и ја охрабруваат да направи нови слични фотографии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...