Ќерката на Мајкл Џексон за контроверзниот документарец за татко ѝ: Зарем мислите дека ќе го уништите неговото име?

915

Откако во текот на првите денови по објавувањето на контроверзниот документарец, во кој Мајкл Џексон се обвинува за педофилија, Париз Џексон, неговата ќерка, немаше никаков коментар за тоа во јавноста, сега конечно откри што мисли на социјалните мрежи.

Нејзин следбеник на Твитер коментираше дека тие „сакааат да се уништи името на Мајкл и неговата музика да престане да се слуша“, на што Париз имаше што да одговори.

– Да, тоа го прават секому кој имал добро срце и се обидел нешто да промени, но зарем мислиш дека ќе успеат да го уништат неговото име? Зарем навистина мислиш дека имаат некакви шанси? Опушти се и биди мирен – напиша  Париз Џексон на Твитер.

HBO неодамна објави документарец, во кој Вејд Робсон и Џејмс Сејфчек го обвинуваат покојниот пејач за сексуално злоставување во период од седум години, и тоа кога едниот од нив имал четири, а другиот седум години.

Фото: EPA/NINA PROMMER

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...