„Њујорк тајмс“: Трамп планира да помилува воени злосторници

59
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател, Доналд Трамп, побара да се подготви документација за да помилува членови на американската армија обвинети или осудени за воени злосторства, објави „Њујорк тајмс”.

„Трамп побара веднаш да се подготви документацијата, и да биде готова до 27 мај”, објави весникот, цитирајќи на двајца неименувани американски официјални лица.

Еден официјален претставник изјави дека собирањето документација за  помилување трае со месеци, но дека Министерството за правда врши притисок се да биде готово пред празничниот викенд.

Весникот нагласува дека меѓу барањата е и за командантот на специјалните операции Едвард Галагер од поморските единици „Фоки”, за кој судењето е закажано за следните недели.

Галагер е обвинет за пукање во невооружени цивили во Ирак и убивање непријателски затвореници со нож.

Според весникот, се верува дека во процесот на помилување ќе биде вклучен и мајор Метју Л Голстејн, припадник на специјалните сили „Зелени беретки”, обвинет за убиство на невооружени Авганистанци во 2010 година.

За таа тема пишува и британскиот весник Гардијан, кој наведува дека Трамп во неколку наврати покажал интерес за помилување, што предизвикало одушевување меѓу републиканците и десничарските медиуми, како што е Фокс Њуз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...