„Њујорк тајмс“ пишува за првиот македонски електричен автомобил

504

Првиот електричен автомобил ЗАС Г20 произведен и развиен во Македонија се најде на страниците на „Њујорк тајмс“ опишувајќи го како трансформација на малиот култен автомобил „застава 750“ од времето на социјализмот во возило од електричната ера.

ЗАС Г20 е развиен од македонската компанија „ВВ Класик карс“ со помош од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на борбата против енормното загадување во земјата.

Бензинскиот мотор е заменет со електричен произведен од германската компанија „Кесер“ и има нулта емисија на јаглероден диоксид, а со едно полнење може да помине до 150 километри во реални услови на возење. Цената е околу 20 илјади ерва, пишува „Њујорк тајмс“.

Весникот, како за споредба за понудата на електрични возила на нашиот пазар пренесува текст од МИА, каде во понудата на Фолксваген се наоѓаат е-Ап и е-Голф со цена од околу 25.000 и 37.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...