„Њујорк тајмс“: Конгресот ќе гласа по четири точки за импичмент на Трамп

Одборот за правосудство при Претставничкиот дом, претседаван од демократскиот конгресмен од Њујорк, Џери Надлер, в среда ќе го одржи своето прво јавно сослушување на кое треба да учествуваат правните советници за да се установи дали постапките на Трамп оправдуваат импичмент.

87

Американскиот Конгрес ќе гласа по четири точки за отповикување на претседателот Доналд Трамп – две за злоупотребата на власта околу Украина, опструкција на Конгресот и опструкција на правдата во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за вмешаноста на Русија, дознава „Њујорк тајмс“.

Одборот за правосудство при Претставничкиот дом, претседаван од демократскиот конгресмен од Њујорк, Џери Надлер, в среда ќе го одржи своето прво јавно сослушување на кое треба да учествуваат правните советници за да се установи дали постапките на Трамп оправдуваат импичмент.

Одборот неделава ќе одржи уште еден состанок на кој претседателот на Одборот за разузнавање, Адам Шиф, претставник од Калифорнија, заедно со советници, и официјално ќе ги презентира заклучоците од нивната истрага кои понатаму ќе се разгледуваат во процесот. Од четирите точки по кои може да се гласа импичмент, две се однесуваат на злоупотреба на власта во однос на Украина, опструкција на Конгресот и опструкција на правдата околу истрагата на специјалниот обвинител Малер.

Тоа би бил спектакл сличен на претставувањето докази од страна на независниот советник Кенет Стар за време на импичментот на поранешниот претседател Бил Клинтон, наведува весникот.

Во меѓувреме, адвокатите кои го застапуваат претседателот порачаа дека нема да учествуваат на сослушувањето в среда.

– Не можеме оправдано да очекуваме учество во сослушување додека сѐ уште се непознати сведоците и останува нејасно дали Одборот за правосудство ќе овозможи фер процес за претседателот преку дополнителни сослушувања – порачаа од правниот тим на Трамп.

После Клинтон во 1998 година и Ендрју Џонсон во 1868 година, Трамп може да стане трет претседател во историјата на САД врз кого Конгресот би изгласал импичмент.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...