„Њујорк тајмс“: Кибер напад на САД го парализирал иранското разузнавање

55

Во кибер-напад извршен од американски специјални служби уништени се податоци од иранска база со чија помош паравоени структури од Иран планирале и извршувале напади врз странски нафтени танкери, објави Њујорк тајмс.

Освен тоа, Техеран времено загубил можност да извршува тајни бродски превози во Перскискиот залив, нагласуваат високи извори во администрацијата на САД.

Оштетени се компјутерски системи што ги користеле иранските сили за да ги координираат акциите, додава американскиот весник. Нападот бил извршен на 20 јуни, но информации за него се појавија дури сега. Во написот со додава дека Иран се обидува да ги врати изгубените податоци и да рестартира компјутерски мрежи меѓу кои и воени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...