Иран тајно префрла ракети во Ирак, тврди американскиот весник Њујорк тајмс. Зголемениот арсенал од балистички ракети со мал дострел е последниот признак за пропаднати напори на САД за запирање на активностите на Техеран.
Вашингтон го зголеми одново военото присуство на Блискиот исток за да се спротивстави на најавата на нови закани за американски интереси вклучително напади врз нафтени танкери и објекти за кои американското разузнавање го обвинува Иран. Од мај адмнистрацијата на Трамп испратила уште 14.000 војници во регионот, наведува весникот.
Новите разузнавачки податоци за натрупување ракетен арсенал во Ирак е нов знак дека обидите да се запре Техеран се пропаднати. Ракетите се закана за сојузниците и партнерите на САД во регионот, наведуваат американски претставници од разузнавањето.
Ракетен арсенал вон границите и дава на иранската Влада и армијата предност при каква било криза со САД или нивни регионални сојузници. Иран ги користи ирачките шиитски милиции за преместување и криење на ракетите. Паравоените тимови во пракса контролираат многу патишта, мостови и објекти од инфраструктурата и тоа го олеснува тајното внесување ракети, нагласува Њујорк тајмс.