„Њујорк тајмс“: Дојче банк под истрага во САД поради трансакции за перење пари

Според написот кој се потпира на изјави од седум неименувани извори, некои од трансакциите се поврзани со Џаред Кушнер, зет и советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

101

Американските власти вршат истрага во германската Дојче банк заради сомневање за криминално неисполнување на мерките за спречување на перење пари,објави Њујорк тајмс.

Истрагата е фокусирана на тоа како банката продолжила со трансакции за кои вработени во неа ги идентификувале како сомнителни.

Според написот кој се потпира на изјави од седум неименувани извори, некои од трансакциите се поврзани со Џаред Кушнер, зет и советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тами Мекфадден, поранешен вработен во Дојче банк, минатиот месец изјави за весникот дека пријавила некои трансакции поврзани со компанијата на Кушнер како сомнителни. Но, нејзините претпоставени не ги пренеле информациите во американското Министерство за финансии.
Портпаролот на банката одби да даде коментар за тврдењата на весникот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...