Српскиот министар за трговија Расим Љајиќ најави дека следната недела ќе се сретне со колегата од БиХ, Мирко Шаровиќ со цел да побараат од Европската комисија да реагира на мерката на Косово за зголемувањето за 10 отсто данок за стоките од Србија и БиХ.
Љајиќ за весникот „Политика“ изјави дека двете држави „ќе вршат постојан притисок врз ЕК да преземе нешто, а во креан случај да признае дека ЦЕФТА веќе не постои“.
Тој додаде дека „ова нема никаква врска со економијата, ниту може да се објасни” и оцени дека покрај многу благата реакција од ЕУ, засега нема напредок во решавањето на овој проблем.
– Само Европската комисија може да го запре ова однесување на Приштина, бидејќи ЦЕФТА повеќе не постои или постои во некоја друга форма – истакна српскиот министер.
Тој истакна дека засега нема прецизни податоци за губиотците за српското стопанство.
– И да продолжи трговијата, тоа некој мора да го надомести, а можно е тоа да бидат фирмите кои продаваат производи на тој пазар. Конечната цена ќе ја плаќаат купувачите – предупреди Љајиќ.
ФОТО: Архива