Љајиќ: Долго време сум во политиката, јавноста е уморна од мене

158

Српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ најави дека нема да биде член на следната Влада на Србија.

– Без разлика дали нè очекуваат нови избори или реконструкција и во двата случаи повеќе нема да бидам во Владата. Тоа е конечна одлука – изјави Љајиќ во интервју за денешен „Блиц“.

Како причина за ваквата одлука, тој посочи дека „долго време бил во политиката, дека се заморил од оперативната дневна политика и дека јавноста била уморна од него“.

Исто така, на оваа негова одлука влијаеела и, како што вели, „невидената кампањата“ што против него ја водат претседателот на Исламсата заедница на Србија, Моамер Зукорлиќ и лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ.

– Овде лагата стана легитимно оружје за политичка борба, политиката повеќе не е натпревар на идеи, ниту концепт, туку болвин пазар, каде за пари можете без никакви последици да ги напаѓате политичките противници. Сè е дозволено, а ние на сè се навикнуваме – изјави Љајиќ.

Тој вели дека во вакви услови реич дека мора некаде да подвлечам црта и да стави крај.

– Не сакам да го изгубам чистиот образ и секој мој престој во овој амбиент за мене значи чист пораз – истакна Љајиќ.

Тој, додаде дека за ова се уште не разговарал со претседателот Александар Вучиќ или со премиерката Ана Брнабиќ, иако тоа и претходно го најавувал.

Љајиќ беше министер за човекови и малцински права на СР Југославија, односно Србија и Црна Гора од 2000 до 2006 година и српски министер за труд и социјална политика од 2007 до 2012 година. На сегашната функција е од мај 2012 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...