„Ју-Ту“ најплатени музичари во 2018

135

Со заработка од 118 милиони долари во една година ирскиот бенд „Ју-Ту“ се најде на првото место на листата најплатени музичари според списанието „Форбс“.

Благодарение на светската турнеја Joshua Tree, „Ју-Ту“ се музичари со најголема заработка во периодот од јуни, 2017 до јуни, 2018 година. Во рамките на заработката од 118 милиони долари влегува и профитот од турнејата Experience + Innocence.

На второ место се „Колдплеј“ со 115 милиони долари.

Ед Ширан е на трето место со заработени 110 милиони долари, а топ пет го заокружуваат Бруно Марс со 100 милиони долари и Кејти Пери со 83 милиони долари.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...