Јуту-2“ откри необична материја на темната страна на Месечината

94

Кинескиот ровер „Јуту-2“ на темната страна на Месечината забележа необична густа материја што има форма на гел, и по боја, состав и густина се разликува од останатите материи на нашиот природен сателит, пренесе „Скај њуз“.

Возилото-робот е составен дел од кинеската мисија Чаное-4, чиј вселенски брод слета на Месечината на 3 јануари годинава. Роверот веќе 18 недели испраќа податоци до базите на Земјата.

Врз основа на снимките, кинеските научници откриваат дека „површината на темната страна на Месечината е многу поразлична отколку што се претпоставуваше“, истакнува кинескиот астроном Јуј Тијани.

„Јуту-2“ е првиот робот во историјата кој слета на досега неистражената страна на Месечината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...