Јутарњи Лист: ЕК со зелено светло за влез на Хрватска во Шенген-зоната

Работењето на Еврокомисијата на успешна проценка на сите одобренија за Шенген привршува. Хрватска би требало да стане полноправна членка на Шенген кога ќе ги исполни сите критериуми, се наведува во маилот од ЕК, во кој Блумберг имал увид.

403

Шест години по пристапувањето на Хрватска во Европската унија, Европската комисија денеска ја потврди подготвеноста на Хрватска за влез во Шенген просторот и даде зелено светло за Шенген зона без пасоши.

„Јутарњи лист“, повикувајќи се на анонимен извор на Блумберг информира дека одлуката допрво треба да биде објавена, со оглед на тоа дека и Европскиот совет треба да се произнесе.

– Работењето на Еврокомисијата на успешна проценка на сите одобренија за Шенген привршува. Хрватска би требало да стане полноправна членка на Шенген кога ќе ги исполни сите критериуми, се наведува во маилот од ЕК, во кој Блумберг имал увид.

На крајот на минатиот месец, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изрази очекување сегашната Европска комисија до крајот на својот мандат да даде препорака за влез на Хрватска во Шенген зоната.

– Очекувам Колеџот на комесари да го прифати она што го предложија надлежните комесари, мислам пред сè на еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос – рече тогаш хрватскиот премиер.

Претседателот на Евркомисијата Жан-Клод Јункер, за време на посетата на Загреб во јуни рече дека Комисијата ќе донесе позитивна препорака до крајот на мандатот, кој истекува на 1 ноември.

Во септември Комисијата за Шенген веќе констатираше дека Хрватска ги исполнила сите осум единици поврзани со законодавството на Шенген.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...