Јункер: Романија не знае што значи да се претседава со ЕУ

208

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер изрази сомневање дека романската Влада знае што значи да се претседава со Европска унија во следните шест месеци.

– Романија технички е многу добро подготвена за шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ, што почнува на 1 јануари. Но, сметам дека Владата во Букурешт целосно не разбира што значи да се претседава со земјите од ЕУ… Треба да се слушаат другите и да се остават настрана сопствените грижи – истакна Јункер во интервју за „Велт ам зонтаг“.

Според него внатрешните политичките недоразбирања во Романија се сигнал дека земјата на европската сцена не изгледа како целина.

Дома е неопходен единствен фронт за да се охрабри единството во Европа за време на претседавањето со Советот на ЕУ, наведе Јункер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...