Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кому му истекува петгодишниот мандат, се пожали на тоа како живее во изминатите пет години, истакнувајќи дека „претседателот на ЕК нема ни резиденција ниту приватен авион”.
– Живеам во хотелски апартмен од 50 квадратни метри за 3.250 евра месечно, а ни Доналд Туск нема резиденција – изјави Јункер за Билд.
Тој додава дека генералниот секретар на НАТО живее во куќа, а речиси сите амбасадори имаат свои резиденции.
За Јункер најголемиот проблем, е, како што вели – што тука никого не може да повика.
– Не можам да поканам официјални лица на гости да седат на мојот кревет. Кога патував со комерцијални летови во посета, секогаш ме повикуваа во своите резиденции – вели Јункер.
Во интервјуто за Билд, претседателот на ЕК потврди дека Европската комисија нема свој авион.