Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Брисел не се обидва да ја задржи Британија во ЕУ и сака да почне да разгледува идни врски веднаш откако британскиот Парламент ќе го одобри брегзит.Тоа ќе го направи за да се фокусира на сопственото единство пред изборите во мај.
– Се тврди дека наша цел е да ја задржиме Велика Британија во ЕУ со сите можни средства. Немаме таква намера. Се штои сакаме е јасни наши идни односи – вели Јункер во интервју за Велт ам зонтаг.
Тој додаде дека ЕУ е подготвена за нов договор со Велика Британија веднаш штом Парламентот во Лондон ќе го одобри договорот за напуштање на блокот. Јункер упати повик до Лондон да се мобилизира и „потоа да ни каже што навистина сака“