Јункер: ЕУ и Велика Британија треба да бидат внимателни како два вљубени ежа

78
ФОТО: EPA-EFE / STEPHANIE-LECOCQ

Европската унија и Велика Британија би требало една кон друга да се однесуваат како два вљубени ежа, кои не сакаат меѓусебно да се повредат, изјави претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер.

– Мораме да бидеме внимателни како два вљубени ежа – посочи Јункер одговарајќи на прашање на австриските новинари за напредокот во преговорите за Брегзит.

Тој додаде дека „кога два ежа се прегрнуваат мора да бидат внимателни да нема гребнатини“.

ФОТО: EK-EPA-EFE-STEPHANIE-LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...