Велика Британија треба да ја напушти Европската унија пред европските избирачи да гласаат за нов Европски парламент меѓу 23 и 26 мај. Во спротивно ќе треба да изберат свои европратеници. Тоа го нагласува претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
– Напуштањето на Лондон треба да заврши пред европските избори кои ќе се одржат меѓу 23 и 26 мај оваа година. Ако Велика Британија не излезе дотогаш, ќе треба да почитува законска обврска да учествува на тие избори – нагласува Јункер во писмо до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
ФОТО: EPA / PATRICK SEEGER