Јулија Скрипал заздравува

334

Се разбудив пред една недела сега и ми е драго да кажам дека мојата сила расте секој ден. Благодарна сум за интересот за мене, вели Јулија Скрипал во изјавата која ја објави лондонската полиција во нејзино име.

Јулија Скрипал, ќерка на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, минатиот месец се разболе во Британија по изложеност на нервен гас. Во изјавата што ја објавува полицијата таа наведува дека се оправува и оти секој нов ден е се подобра, но дека по инцидент е” малку збунета “.

Таа освен што се заблагодари за интерсирањето за нејзиниот случај ја замолува јавноста да ја почитува нејзината приватност.

– Има многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам за моето закрепнување и особено би сакала да ги спомнам луѓето од Солсбери кои ми помогнаа кога татко ми и јас бевме неспособни. Освен тоа, би сакала да им се заблагодарам на вработените во окружната болница Салисбери за нивната грижа и професионалност. Сигурна сум дека цените дека целата епизода е донекаде збунувака и се надевам дека ќе ја почитувате мојата приватност за време на моето заздравување – се вели во изјавата на Јулија што ја објави полицијата.

Во соопштението не се споменува состојбата на нејзиниот татко.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...