Јужнокорејски суд ѝ ја продлжи затворската казна на Парк Геун Хје на 25 години

Пресудата е донесена година дена откако беше симната од власт.

46

Јужнокорејскиот Висок суд ја продолжи затворската казна на поранешната претседателка Парк Геун Хје (66) на 25 години и парична казна од 17,8 милиони долари поради корупција и злоупотреба на службената положба.

Судот соопшти дека Парк има недела дена да вложи жалба на таа пресуда.

Во април Окружен суд ја осуди Парк на 24 години затвор и 16, 8 милиони долари поради давање мито, изнуда, злоупотреба на службената должност и други обвиненија.

Пресудата е донесена година дена откако беше симната од власт, а по повеќемесечни протести поради корупциски скандал поради кој беа уапсени уште неколку јужнокорејски официјални лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...