Јужновардарска долина ќе добие наводнување за година ипол

199

До крајот на неделава ќе почне реализацијата на втората фаза од изградбата на систем за наводнување во Јужновардарската долина.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, целиот систем вреден 23,4 милиони евра, ќе биде ставен во функција во следната година ипол година и ќе опслужува над 2.000 хектари.

По потпишувањето на првите договори за инвестиции во подземни системи за наводнување „капка по капка“, министерот информира и дека се одобрени средства за хидросистемот „Лисиче“, како и за третата фаза од Јужновардарска долина. Станува збор за вкупна сума од 40 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...