Јужна и Северна Кореја денеска разговараа за воспоставување директна телефонска линија меѓу своите лидери, пред нивниот состанок планиран за крајот на овој месец.
Состанокот бил одржан на севернокорејската страна од пограничното село Панмунџом и присуствуваа по три официјални претставници од Јужна и од Северна Кореја. Разговорите траеле три часа и се разговарало за технички предизвици за воспоставување директна телефонска врска и спречување на можно прислушкување, јави Јонхап.
Таа телефонска врска би била првата во историјата меѓу лидери на двете Кореи. Во четвртокот беше одржан посебен работен состанок на кој се разговараше за деталите за самитот на Ким и Мун закажан за 27 април.