Шкотскиот глумец Јуан Мекгрегор можно е да се појави во деветтиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“, чија премиера е закажана за декември наредната година.
Имаше гласини и дека продукциската куќа Лукасфилм планира посебен филм каде централен лик ќе биде Оби-ван Кеноби, кој беше олицетворен од Мекгрегор во втората трилогија од сагата. Овие наводи беа отфрлени од продуцентите.
Веќе е потврдено дека ѕвездите од претходните два филма – Дејзи Ридли, Џон Бојега и Адам Драјвер ќе се појават и во последниот дел од новата, веќе трета трилогија.