Јоханис: Ситуацијата излета од шини, Романија не е подготвена за претседавање со ЕУ

220

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека Романија не е подготвена на 1 јануари следната година да го преземе ротирачкото претседавање со Европска унија и ја повика Владата да поднесе оставка.

Тој наведе дека ситуацијата „излета од шини“ и оти постои „политичка потреба за промена на Владата, која ја нарече „несреќен случај на романската демократија“.

Вјорика Данчила стана премиерка во јануари годинава, но според експертите, таа има мали извршни овластувањеа, додека Владата ја води лидерот на владејачката Социјадемократска партија Ливиу Драгнеа.

Драгнеа не може да биде премиер поради тоа што е обвинет за кражба на гласови.

Фото: EPA/PATRICK SEEGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...