Куркумата е зачин што многу често се користи во азиската кујна и има бројни позитивни ефекти на телото. Во комбинација со јогуртот, полесно се „поднесува“ и внесува во телото, а притоа е одлична комбинација за слабеење!
Овој зачин е еден од најздравите што можете да ги додадете во храната. Докажани се неговите бројни позитивни ефекти на телото и мозокот. Куркумата содржи куркумин – состојка која има антиоксидативни и противвоспалителни својства.
Куркумата како лек:
– придонесува за подобрување на памтењето;
– помага во борбата против некои видови карциноми;
– може да го спречи или забави создавањето на крвни згрутчувања;
– помага при артритисот;
– може да им помогне на луѓето што имаат дијабетес;
– може да го забави растот на масните наслаги.
Куркумата има многу интензивен вкус, па во комбинација со јогуртот полесно е да се проголта, а истражувањата покажале дека токму оваа комбинација помага за согорување на мастите од црниот дроб, што е многу важно за слабеењето. Притоа, јогуртот и куркумата го забрзуваат метаболизмот и го забавуваат таложењето на масни наслаги.
Јогуртот дава подолго чувство на ситост и ја поттикнува работата на дигестивниот систем. Комбинацијата од куркума и јогурт се дава и во случаи на анемија.
Јогурт и куркума – рецепт за слабеење
Важно е да ви одговара комбинацијата од куркума и јогурт за да уживате во здравиот оброк. Се препорачува да ја консумирате наутро на празен стомак и попладне, но не по заоѓањето на сонцето.
Додајте половина лажичка куркума на 500 милилитри јогурт, може да додадете и повеќе ако сакате и ако не ви е премногу силен вкусот.