Јогурт и куркума, здрава и одлична комбинација за слабеење

Истражувањата покажале дека куркумата помага за согорување на мастите од црниот дроб што е важно за слабеење, а јогуртот создава чувство на ситост и го поттикнува варењето. Комбинацијата на куркума и јогурт заради своите нутритивни вредности во Ајурведската медицина се дава и во случаи на анемија.

1007

Знаеме веќе дека куркумата е богат извор на железо, магнезиум, цинк, манган, витамин Б6, витамин Ц, витамин Е, диетални влакна.

Во современата наука како и во традиционалната медицина високо се цени нејзиниот лековит ефект заради содржината на алкалоидот куркумин кој е основна состојка на растението.

Индиската медицина ја третира куркумата како еден од најмоќните природни лекови, а научните истражувања потврдуваат дека е вистинско чудо во лечењето на разни сериозни здравствени проблеми како што се ракот, Алцхајмеровата болест, мултиплекс склероза, леукемија.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...