Српската водителка Јована Јоксимовиќ пред неколку дена беше на удар на критиките на гледачите кога не им се допаднало како се облекла во утринската програма на телевизија „Прва“.
Социјалните мрежи тој ден „гореа“ од коментари и дебати, а Јована Јоксимовиќ за сето тоа даде еден коментар за „Блиц“:
„Ако е најголем проблем во нашата земја што сум облекла… Тогаш тоа ме радува и забавува во исто време.“
Дека не се осврнува на тоа што луѓето зборуваат и пишуваат на социјалните мрежи водителката покажала и со стајлингот во денешната утринска програма. Сопругата на Жељко Јоксимовиќ се појавила во слична комбинација, а на себе имала проѕирна блуза со тантела.
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб/ТВ Прва