Јелена и Душко платиле 20.000 евра за гробното место на Дивна, ќе почива покрај негов пријател

Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, ја преземал на себе обврската на својата сакана тешта да ѝ обезбеди место на кое вечно ќе почива.

2862

Радиската водителка и новинарка Дивна Карлеуша ќе биде погребана денеска на Новите бежански гробишта во Белград, во 15:30 часот, а нејзината ќерка Јелена и зетот Душко за гробното место наводно платиле 20.000 евра.

Дивна почина во неделата, 3 март, во својот стан во Белград по долга и тешка болест.

Јелена е во шок и неописива болка поради губитокот на својата најголема поддршка во животот, па нејзиниот сопруг Душко Тошиќ ја преземал на себе обврската на својата сакана тешта да ѝ обезбеди место на кое вечно ќе почива.

Веднаш по враќањето од Кина, Душко Тошиќ ги превзел сите обврски околу погребот на Дивна, затоа што Јелена сè уште е во шок. Тошиќ одлучил Дивна да почива до неговиот голем пријател, младиот фудбалер Горан Буњешчевиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...