Ја чека голема борба: Неда Арнериќ само спие, не дише самостојно

Неда е подобро, но ѝ претстои голема борба за да се врати во нормала. И понатаму не може да дише самостојно, па е приклучена на аспиратор.

1414
FOTO Blic

Легендарната српска актерка Неда Арнериќ и понатаму се наоѓа на одделението за токсикологија на Военомедицинската академија во Белград откако пред една недела ја пронајдоа без свест во нејзиниот стан, пишува „Курир.рс“.

Лекарите велат дека во болница ќе остане уште најмалку еден месец
– Неда е подобро, но ѝ претстои голема борба за да се врати во нормала. И понатаму не може да дише самостојно, па е приклучена на аспиратор. Дише со помош на т.н. вештачки бели дробови – рекол извор и додал дека на легендарната актерка успеале да ѝ го стабилизираат крвниот притисок.

„Кога беше примена во болница, имаше притисок 50 со 20. Тоа беше многу тешка состојба, која сега ја регулираме. Неда не е во кома. Таа нон-стоп спие и само повремено ги отвора очите, па повторно заспива. Сето тоа е сосема нормално во нејзината состојба“, објаснува изворот.

ФОТО: Блиц.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...