Ким Кардашијан беше главната ѕвезда на овогодинaшната Мет Гала во припиен фустан со кристали, поради кој изгледаше како штотуку да излегла од море.
Најмногу внимание привлече неверојатно тесната половина на старлетата поради која некои шпекулираа дека ги извадила и ребрата.
Но, видеото кое е објавено ја Јутјуб, открило дека Ким тесната половина го постигнала на старомоден начин – многу тесен корсет. Тројца мажи морале да ѝ помогнат на Ким за да „влезе“ во корсетот.
„Имам чувство дека може да биде уште потесно“, се шегува Ким во еден момент на снимката, а потоа ѝ се обратила и на уредничката на „Вог“, Ана Винтур: „Ана, ако не седнам на вечерата, сега знаеш зошто.“
Видеото предизвикало многу коментари на социјалните мрежи, меѓу кои најмногу биле оние кои го критикувале корсетот.
„Ова е нездраво. Промовирање нездрав начин на живот“, „Ме фаќа анксиозност кога гледам колкава ѝ е половината“, „Имам чувство дека не можам да дишам кога го гледам ова“, биле само некои од коментарите.
На социјалните мрежи Ким открила дека инспирација за овој стајлинг ја пронашла во Софија Лорен, односно во нејзината улога во филмот „Boy on a Dolphin“.