Ја ставате ли раката кога ќе кивнете? Правите грешка!

Ако кивнете во рацете, на пример, во јавниот превоз, на работноро место и слично, лесно можете да ги пренесете вирусите и бактериите на другите луѓе околу себе, бидејќи со рацете ќе ги пренесете и на другите површини.

691

Дали некогаш сте се обиделе да го запрете кивањето? Сигурно да, и сигурно тоа не ви успеало. Станува збор за рефлексија на организмот за да ги исфрли токсините.

Притоа, многумина од нас инстиктивно ја покриваат устата со рацете за да не ги исфрлиме во околината микробите кои се наоѓаат во плунката.

Всушност, така нè учеле од мали нозе, во прашање е и доброто воспитување.
Сепак, според д-р Винсент Хил, таквата навика би требало да ја промениме.
Кога имаме потреба да кивнеме, би требало и устата и носот да ги покриеме со марамче, најдобро со хартиено, еднократно, кое можеме веднаш да го фрлиме.

Ако кивнете во рацете, на пример, во јавниот превоз, на работноро место и слично, лесно можете да ги пренесете вирусите и бактериите на другите луѓе околу себе, бидејќи со рацете ќе ги пренесете и на другите површини.

За среќа, решението е едноставно. Дури и ако немате салфетка при рака, употребете го она што го имате. На пример, најдобар избор е да кивнете во ракавот.
Секако немојте ни тогаш да заборавите да ги измиете рацете, а добра идеја е со сапун да го измиете и подрачјето околу устата, особено ако имате во план да го бакнете детето, партнерот или некој друг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...