Ја нарекуваат скелет, а Селин Дион откри зошто толку драстично ослабнала

Многумина се запрашале зошто пејачката со раскошен глас ослабела толку, а на сите приказни таа имала само еден одговор.

851

Канадската поп-пејачка Селин Дион објави дека планира нова светска турнеја, како и нов студиски албум со име „Courage“ инспириран од нејзиниот живот по смртта на нејзиниот сопруг.

Меѓутоа, поголемо внимание во последно време привлече фактот дека славната пејачка драстично се промени.

Од вита, насмеана жена полна со ентузијазам и енергија, се претвори во ексцентрична и слаба дама.

Прво ја уништи смртта на сопругот Рене Анжелил, кој почина во јануари 2016 година, а потоа го изгуби и постариот брат. Двајцата најважни мажи во својот живот ги изгуби во борбата со ракот, а Селин останала да се бори со тагата која практично ја „изела“, како емоционално, така и физички.

Во борба со големата болка, Селин почнала да донесува неочекувани одлуки, а една од нив била целосната промена на стилот на облекување, кој, според многумина, воопшто не ѝ прилега.

Другата промена што ја шокира јавноста е драстичното губење килограми. Многумина се запрашале зошто пејачката со раскошен глас ослабела толку, а на сите приказни таа имала само еден одговор:

„Сè е во ред со мене. Ослабев неколку килограми и многу сум здрава.“

Дион изјавила дека неодамна тргнала на часови по балет и дека токму тоа е тајната на нејзиното губење килограми и исклучително тенка фигура.

„Одам на балет четири пати неделно. Луѓето велат дека сум преслава, но напорно тренирам. Го обожавам танцот, а губењето на килограми задолжително доаѓа рака под рака со него“, истакнала пејачката.

Таа додала дека никогаш не се чувствувала посилно и поубаво. Пејачката инаку е позната по тоа што нема влакна на јазикот и не ѝ е проблем да даде остар одговор на негативните коментари. Таа нагласила дека никому нема да му се правда за својот изглед.

– Мене ми се допаѓа, но не сакам да разговарам за тоа. Не ме вознемирувајте. Не ме фотографирајте. Ако ви се допаѓа, во ред. Ако не ви се допаѓа, не ми е гајле, оставете ме на мира – заклучила Селин Дион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...