Ја критикуваше Светска банка, па застана на нејзиното чело

Во администрацијата на Трамп, Малпас вршеше функција на потсекретар за меѓународни работи во Министерството за финансии и беше долгогодишен критичар на Светската банка и нејзините сестрински организации за кредитирање – Меѓународен монетарен фонд.

108

Дејвид Малпас е избран за нов претседател на Светската банка на последната седница на Извршниот одбор на банката.

Тој е претставник на американското Министерство за финансии кој го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп.

Малпас следниот вторник ќе го започне петгодишниот мандат и ќе го замени поранешниот директор Џим Јонг Ким, кој поднесе оставка три години пред крајот на мандатот.

Во администрацијата на Трамп, Малпас вршеше функција на потсекретар за меѓународни работи во Министерството за финансии и беше долгогодишен критичар на Светската банка и нејзините сестрински организации за кредитирање – Меѓународен монетарен фонд.

Меѓутоа, во рамките на своето министерство, Малпас минатата година помогна на Светската банка да обезбеди поддршка од 13 милијарди долари, наведува агенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...