Јапонците „кркаат“ гравче и лути пиперки на промоцијата на македонската кујна на Тера Мадре

Тавче гравче, селско месо со лути суви пиперки, овчо сирење и ајвар беа на менито со кое денеска во рамките на Тера Мадре се претставија македонските готвачи, а дегустираа и Јапонци, и Италијани, и Мексиканци, и многу, многу други народи присутни на најголемиот саем за храна во Торино.

954

Специјално од Торино, фотографии и текст: Драгица Христова

Македонскиот шеф Зоран Мајновски (ресторан „Естел“), со помош на Маре Јаневска (готвачка во британската амбасада) и Орце Трајковски (од етно ресторанот „Чомбе“ во Пробиштип), ја претстави македонската кујна на Тера Мадре во рамките на презентацијата на национални кујни, на предлог на организацијата Слоу Фуд.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...