Јапонски професор ги терал студентите да прават екстази

53

На јапонски професор му се закануваат 10 години затвор оти ги терал студентите да произведуваат екстази, слично како во хит-серијата „На лош пат“ (Breaking Bad).

Надлежните се сомневаат дека 61-годишниот професор по фармакологија при Универзитетот во Мацујама, во западна Јапонија, во 2013 година им дал задача на младите студенти да направат МДМА, супстанца позната како екстази, како и друга синтетичка дрога – 5Ф-Кјупик, минатата година.

Професорот се бранел дека целта му била „да го прошири знаењето“ на своите студенти. Произведените екстази никогаш не биле откриени, па веројатно и не биле наменети за продажба и употреба, туку само за наставна демонстрација.

Според јапонските закони, истражувачите треба да имаат посебна дозвола за производство на наркотици за академски цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...