Јапонската вселенска агенција Јакса соопшти дека сондата „Хајабуса-2″, што минатиот месец слета на астероидот Рјугу, ќе пристапи кон уште една ризична мисија – експлозија со цел дупка во вселенското тело.
Хајабуса-2 стапна на него на 22 февруари и успеа да собере доволно примероци од неговата површина. Наредната цел е да се земат примероци од под површината на астероидот. Така, научниците ќе се обидат да ги одгатнат процесите поврзани со настанувањето на Сончевиот Систем.
Според Јакса, експлозијата ќе се случи на 5 април. Астероидот Рјугу, крстен по подводен замок од јапонските преданија, се наоѓа на растојание од 300 милиони километри од Земјата.
ФОТО: МИА